вторник, 23 јули 2024

Вооружен напад во супермаркет во Арканзас: Три лица загинаа, десет се ранети

Вооружено лице вчера отвори оган во супермаркет во американската држава Арканзас, при што уби три лица, рани десет, меѓу кои и двајца полицајци, соопшти државната полиција на Арканзас, пренесува Ројтерс.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во престрелката со полицијата е ранет и осомничениот, изјави за новинарите директорот на државната полиција на Арканзас, Мајк Хагар.

Престрелката се случила во супермаркетот „Мед Бучер“ во Фордајс, град со околу 3.200 жители, кој се наоѓа на 112 километри јужно од Литл Рок, главниот град на Арканзас.

„За жал, можеме да потврдиме дека 11 невини цивили беа застрелани, тројца загинаа. Двајца полицајци се повредени во размената на оган. Осомничениот исто така беше застрелан и приведен“, изјави Хагар.

Хагар не ги објасни околностите на пукањето ниту пак беа поставени какви било прашања.

Ранетите полицајци и осомничениот се очекува да преживеат, рече тој. Повредите на цивилите се движеа од неопасни по живот до крајно критични, додаде тој.

Гувернерката Сара Хакаби Сандерс објави на социјалната мрежа Икс дека е информирана за инцидентот.

„Благодарна сум на полициските сили и на оние кои први реагираа за нивната брза и херојска акција за спасување животи. Моите молитви се со жртвите и сите оние кои се погодени од овој ужасен инцидент“, рече таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ