сабота, 27 април 2024

Американската централна банка потврди рекордна загуба во 2023

Американската централна банка потврди дека 2023 година ја завршила со рекордна загуба од 114,3 милијарди долари, со повеќекратно поголем трошок за каматите на депозитите во комерцијалните банки.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во 2022 година Федералните резерви работеле со нето добивка од 58,8 милиони долари. Деловниот извештај за минатата година го одразува влијанието на клучните каматни стапки, од нула на важечките 5,25 до 5,5 отсто за зауздување на инфлацијата.

Фед почна агресивно да ги крева во пролетта 2022 година, што значи дека на банките, инвестициските фондови и другите финансиски компании им исплаќа камати на депозитите. Минатата година, според ревидираните податоци, им исплатиле 176,8 милијарди долари, во споредба со 60,4 милијарди исплатени во 2022.

Приходот на Фед од купените обврзници се задржал, пак, на речиси истото ниво од 2022 година и изнесувал 163,8 милијарди долари.

Според законот, Фед добивката ја исплаќа во државниот трезор. Покрај каматите на обврзниците, негов извор на приход се и услугите кои ги пружа на финансискиот сектор. Во изминатите години оствари значителна добивка благодарение на многу ниските камати и големото портфолио на обврзници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ