сабота, 6 јули 2024

Алкараз без проблеми се справи со Вукиќ и се пласираше во третото коло на Вимблдон

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз без поголеми проблеми го победи Александар Вукиќ со 3-0 во сетови (7-6, 6-2 и 6-2) за пласман во третото коло на Вимблдон.

Објавено на

часот

Сподели

Бранителот на титулата на Вимблдон, Карлос Алкараз успеа да обезбеди пласман во третото коло откако попладнево ја оправда фаворитската улога против Александар Вукиќ од Австралија.

Неизвесно беше само во првиот сет, кој Шпанецот го доби по тај-брејк со 7-6 (5).

Во продолжението од мечот, Карлос Алкараз доминираше на теренот и ги доби следните два сета со 6-2 и 6-2.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ