недела, 23 јуни 2024

Албанија ја шокираше Италија по само 23 секунди, падна најбрзиот гол на Европските првенства (ВИДЕО)

Недим Бајрами, кој има потекло од Македонија, стана стрелец на најбрзиот гол на Европските превенства откако вечерва го матираше Џиџо Донарума по само 23 секунди.

Објавено на

часот

Сподели

Албанија поведе против Италија уште во првата минута, беа потребни само 23 секунди за да се затресе мрежата на „аѕурите“.

Ди Марко лошо изведен еден аут, Недим Бајрами пресече и силно биеше на првата статива за 1-0 и огромна радост на Албанија.

Бедим Бајрами, кој има потекло од Македонија (неговите родители се од Тетово), испиша нова историја и го постигна најбрзиот погодок на Европските првенства.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ