Ненад Димитријевиќ започнува нова авантура, по две години поминати во УНИКС Казан, се сели во Италија.
Македонецот потпиша со шампионот Олимпија Милано, со кого ќе настапува и во Евролигата.
„Олимпија Милано постигна договор со Нено Димитријевиќ за соработка до крајот на сеозната 2025/26“ – гласеше известувањето.
За преселбата во Милано, Нанад Димитријевиќ рече: „Многу сум среќен и благодарен што ќе бидам дел од еден историски клуб. Горд сум што ми се укажа ваква шанса и ќе се обидам да помогнам да се освојат важни трофеи. Со нетрпение чекам да ја започнам новата авантура“.