Неодамна оваа Влада ја донесе најсериозната одлука за нас како дијаспора, промените во балансерот, бришејќи нѐ од официјалната статистика и со тоа ни го ускрати правото на застапеност и да бидеме дел од општата популација во државата. Оваа голема неправда не само што е дозволена, туку и ја спроведува и коалицијата Вреди, која сега исто така учествува во ваквото одлучување, пишува во реакцијата на ограноците на Алијансата за Албанците во дијаспората.
„Ние, како дијаспора, потсетуваме дека сме граѓани на Северна Македонија и директен придонесуваме во сите процеси во земјата, како во економските преку ремитенци и во многу случаи и со директни инвестиции, како и во многу други сфери од јавниот живот. Ние сме директно поврзани со нашата татковина, во многу моменти сме директно вклучени и бараме да се врати еднаквиот третман со другите граѓани. Коалицијата Вреди најмногу ја злоупотреби дијаспората за предизборни цели, а сега не само што врти грб, туку сака да нѐ направи и непостоечки. Сите ограноци на Алијансата за Албанците во дијаспората реагираат гласно на неодамнешната одлука за бришење на албанската дијаспора од официјалната статистика за правична застапеност, а за оваа одлука ќе ги алармираме и европските и светските центри за одлучување како и сите здруженија на албанската дијаспора“, пишува во реакицјата.
Според членовите на ограноците на Алијансата за Албанците во дијаспората укинувањето на балансерот е чекор кон спречување на нивното враќање во татковината и се сомневаат дека во таа одлука се кријат „уште поопасни сценарија“.
„Ги повикуваме сите други политички сили, граѓански организации и секој сонародник да го крене својот глас и да не дозволи оваа неправда која ги уништува над дведецениските достигнувања за интеграција на дијаспората и откривање на реалниот процент на населението во Северна Македонија“, велат од ограноците на Алијансата за Албанците во дијаспората.