сабота, 22 јуни 2024

81-годишниот Бајден му го „честиташе“ на Трамп 78-от роденден: „Годините се само бројка“ (ВИДЕО)

Американскиот претседател Џо Бајден (81) му посака денеска на Доналд Трамп среќен 78 роденден. „Честитка од еден старец до друг“, напиша Бајден во честитката објавена на социјалната мрежа Икс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Честитката на Бајден е саркастична и во неа на Трамп му пишува дека „годините се само бројка“, што се однесува на бројните коментари на јавноста за нивната возраст. Бајден во честитката вклучи и видео во кое ги споредува своите достигнувања со постапки и коментари на Трамп.

Бајден стана најстариот претседател на САД кога ја презема должноста на возраст од 78 години. Во ноември ќе наполни 82 години.

За време на собир во Лас Вегас за време на минатиот викенд, Трамп на своите поддржувачи им кажа дека проблемот не е тоа што Бајден е стар, туку што е неспособен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ