среда, 3 јули 2024

Асанж се врати во Австралија (ВИДЕО)

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, кој постигна договор со американските правосудни власти, со кој заврши правната „сага“ од речиси 14 години, слета на тлото на својата родна Австралија.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

На аеродромот го пречека неговата сопруга Стела. На социјалните мрежи беа објавени видеа од прегратката на сопружниците.

Меѓу членовите на семејството кои го пречекаа Асанж на аеродромот во Канбера беше и неговиот татко Џон Шиптон.

Во согласност со договорот постигнат со правосудните органи, австралискиот свиркач, основачот на Викиликс, обвинет за објавување на стотици илјади доверливи американски документи во 2010-тите, се изјасни за виновен за добивање и објавување информации за националната одбрана во договор за признавање вина.

Откако се изјасни пред американскиот федерален суд во Саипан на Маријанските Острови, Асанж е „слободен човек“ и можеше слободно да се качи во авион назад за Австралија.

Американското Министерство за правда денеска соопшти дека на Асанж му е забранет влез во САД без соодветно овластување.

„Согласно договорот за признавање вина, на Асанж му е забрането да се врати во САД без овластување“, соопшти американското Министерство за одбрана додека тој беше на пат за Австралија.

Австралискиот премиер Ентони Албаниз, кој со години се залагаше за ослободување на Асанж, изјави дека разговарал со него по телефон по слетувањето на авионот.

„Имав многу топол разговор со него оваа вечер, тој беше дарежлив во пофалбите за напорите на австралиската влада“, рече Албаниз на прес-конференција. „Австралиската влада се бори за австралиските граѓани, тоа е она што го правиме“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ