„Со тоа, водостојот на Дојранското Езеро е за 1,91 метар повисок од просекот за април, а нивоата на останатите две природни езера се пониски од просечните и тоа за 2,02 метра кај Преспанското и за 29 сантиметри кај Охридското Езеро. Водостоите на реките во земјава, пак, најчесто се блиски до повеќегодишниот просек за овој период од годината и бележат благо зголемување во споредба со вчера. Најголемо зголемување на нивото во споредба со вчерашното од 7,5 пати има реката Брегалница на мерното место кај Берово. И покрај тоа водостојот на ова мерно место и е за седум сантиметри понизок од просечниот за април„, информираат од УХМР.
Зголемен е водостојот на Преспанското и Дојранското Езеро
ТОП ВЕСТИ