недела, 19 јануари 2025

Пелистер славеше против Висла и направи чекор кон осминафинале во Лигата на шампиони

Македонскиот ракометен шампион Пелистер славеше против Висла Плоцк со 21-18 и направи чекор кон осминафинале во Лигата на шампиони.

Објавено на

часот

Сподели

Еурофарм Пелистер ја забележа втората победа во Лигата на шампиони, вечерва во Битола падна Висла Плоцк.

Натпреварот почна изедначено, за Пелистер да је превзеде контролата од средината на полувремето и на пауза замина со 12-10.

Шампионот на Македонија беше подобар и на отварањето на второто полувреме и стигна до +5 (17-12).

Висла Плоцк потоа нападна со сите сили, се обиде да се врати резултатски, но Пелистер умешно ја чуваше предноста и на крајот славеше со 21-18.

Со оваа победа, Пелистер се искачи на шестата позиција во Групата А со шест бодови по 10 одиграни кола и направи значен чекор кон осминафинале во Лигата на шампиони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ