вторник, 21 јануари 2025

Што ќе прави сега Макрон?

Франција се најде во период на длабока политичка криза откако пратениците гласаа за распуштање на владата на премиерот Мишел Барние, пишува Политико.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Главната причина е противењето на неговите фискални планови за 2025, чија цел беше намалување на францускиот дефицит, но ни левицата ни десницата не беа задоволни со тој план. Сега доаѓа ризикот дека Франција во новата година може да влезе без влада и нов буџет.

Францускиот претседател Емануел Макрон мора да одлучи што ќе направи. Според извори од неговото опкружување, можно е брзо да именува нов премиер, дури пред церемонијата за повторно отворање на катедралата Нотр Дам, на која треба да присуствува новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Меѓутоа, секој нов премиер ќе се соочи со истите предизвици како Барние во обид за усвојување на закони, вклучувајќи го буџетот за 2025 година, во парламентот кој е и понатаму поделен. Нови парламентарни избори не се можни пред јули.

Една од можностите за Макрон е да попушти пред десничарските барања за буџетот, со што би можел да именува премиер кој ќе може да состави влада и да го усвои буџетот пред крајот на годината. Но тоа би значело откажување од целта намалување на буџетскиот дефицит.

Алтернативно, Макрон би можел да побара од Барние да остане на чело на привремена техничка влада, која би ги вршела секојдневните задачи и би купила време за наоѓање премиер со доволна меѓупартиска поддршка. Техничката влада би можела да предложи итни закони кои би ги заобиколиле ограничувањата за потрошувачка и даночните одредби за 2024 година. Исто така, Макрон би можел да се обиде да го донесе буџетот за следната година со декрет, иако тоа би било правно спорно и би можело да предизвика понатамошни политички турбуленции.

Ризикот за Макрон е неговите политички противници да продолжат да гласаат против секој нов премиер, сè до веројатните нови парламентарни избори. Соперниците му порачуваат и дека единствениот логичен начин за прекин на политичката криза е неговата оставка, но Макрон инсистира дека ќе го заврши својот мандат до 2027 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ