среда, 22 јануари 2025

Израел ги предупреди војниците осомничени за воени злосторства да не патуваат во странство

Израелската војска наводно предупредила триесетина војници и офицери кои се бореле во Појасот Газа да избегнуваат патување во странство, откако пропалестински групи против нив поднесоа тужби за воени злосторства.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На најмалку осум од нив, кои отпатувале на Кипар, во Словенија и Холандија, им било кажано веднаш да ги напуштат тие земји поради стравот дека може да бидат уапсени, јавува израелскиот новински сајт Инет.

Израелската војска (ИДФ) во моментов не им забранува на војниците да патуваат во странство, но го проценува ризикот за оние кои служеле во Газа, пред да им го одобри барањето.

Од почетокот на војната војската бара војниците да не објавуваат снимки од своите активности за време на борбите во Газа на социјалните мрежи, за да избегнат да се користат против нив за потенцијална кривична истрага во некоја друга земја.

Од новинарите кои ги следеле војниците во Газа од истата причина било барано да ги замаглат лицата на војниците.

И покрај тоа војниците продолжуваат да објавуваат видео снимки и фотографии на своите лични профили на социјалните мрежи, вклучувајќи и такви на кои се гледаат кршења на воените правила и кои може да се спротивни на меѓународното право.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ