сабота, 18 јануари 2025

Во Њујорк на улица убиен шефот на најголемото здравствено осигурување во Америка (ВИДЕО)

Брајан Томпсон, претседателот на управата на Јунајтед хелткер, најголемата здравствена осигурувачка куќа во Соединетите Американски Држави, денес е застрелан и убиен во центарот на Менхетн, потврди полицијата. Томсон во моментот на нападот одел кон њујоршкиот хотел Хилтон во центарот на Менхетн за да присуствува на конференција на Јунајтед хелткер.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вооружениот напаѓач, за кого полицијата вели дека чекал некое време пред пристигнувањето на Томпсон, почнал да пука од оддалеченост од околу 7 метри и пукал повеќе пати. Како што јавуваат американските медиуми, напаѓачот носел маска и избегал кон исток по 6-тата авенија.

Други детали не се познати, но полицијата соопшти дека се чини дека станува збор за нарачано убиство. Од компанијата Јунајтед хелткер засега не одговараат на прашањата на медиумите. Хотелот Хилтон се наоѓа во богатиот дел на Менхетн, каде вакви оружени напади се невообичаени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ