вторник, 3 декември 2024

Жителите на охридското село Климештани в сабота на протест против каменоломот

Жителите на селото Климештани, што се наоѓа 15-тина километри северно од Охрид, за в сабота 30 ноември најавија граѓански протест со блокада на каменоломот во непосредна близина на селото.

Објавено на

часот

Сподели

Според најавеното, тие ќе се соберат за на тој начин да го изразат своето незадоволство од начинот на кој се експлоатира ископот, со наводно непридржување на компанијата што стопанисува кон законските одредби.

Жителите на селото се револтирани што со копањето селото и нивните ниви се затрупани со прашина, а од минирањето во каменоломот се пореметува статиката на нивните објекти за домување. Истовремено предупредуваат дека им се уништуваат и насадите, а загрозено е и водоснабдиувањето.

„Немаме време да чекаме на милост или немилост од одговорните. Ги земаме работите во свои раце“, се наведува во повикот за најавениот протест на Климештанци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ