петок, 24 јануари 2025

Путин: Глобалниот Запад е сè помалку глобален

Руската економија во 2022 година се најде пред големи искушенија бидејќи владејачките елити во некои земји се покажаа како несигурни партнери – нарушена е логистиката создавана со децении, порача рускиот претседател Владимир Путин на инвестицискиот форум „Русија повикува“ во Москва.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Целта на тие земји беше на Русија да ѝ нанесат стратегиски пораз, меѓу другото, и во сферата на економијата – да го снижат квалитетот на живот на граѓаните на Руската Федерација, да ги уништат трговските односи, да создадат ненадминлив недостиг од добра и да ја упропастат руската економија. Меѓутоа, нивните планови паднаа во вода“, кажа Путин.

Поради сето тоа Москва ги јакне врските со перспективните партнери, додаде рускиот претседател, порачувајќи дека на руската берза се добредојдени и капиталот и бизнисот од пријателските странски држави.

Русија денес има рекордно ниска стапка на невработеност, од 2,3 отсто, кажа Путин и истакна дека целосно исчезнал проблемот со невработеноста на младите.

БДП во земјата во периодот од јануари до октомври оваа година пораснал за 4,1 отсто, наведе рускиот лидер и истакна дека главната задача за руската економија во изминатите две до три години била промената на нејзината структура.

„По тешкиот период, руската економија не само што целосно се опорави, туку обезбедува и квалитативни структурни промени, што е исклучително важен, а можеби и најважен резултат на нашата работа во областа на економија во изминатите две-три години“, оцени Путин.

Денес сè што доаѓа од истокот е подобро од она што доаѓа од западот, кажа Путин и како пример ги наведе условите кои таму, само во бизнис круговите, им се нудат на Германците „таму, а какви тука“.

Кажа и дека Фолксваген, доколку останел да работи во Русија, ќе можел да продолжи да заработува бидејќи руската страна никогаш не создавала непогодни услови какви што создавале другите.

Тој истакна дека Русија со брзо темпо го замени увозот и дека на компаниите кои заминале нема да им биде лесно да се вратат.

Глобалниот запад е сè помалку глобален, бидејќи нивниот удел во БДП-то опаѓа, а уделот на земјите од Глобалниот југ расте, кажа Путин.

Користењето на доларот како светска валута му носи на Вашингтон незаработени пари и тоа во голем обем – во претходните десет години заработиле десет билиони долари само од тоа што нивната валута се користи како резервна – „им паднаа од небо“, кажа Путин.

Според него, тоа што опаѓа довербата во доларот е заслуга на самиот Вашингтон и што и да се случува со доларот, сите ќе се обидат да ја зајакнат безбедноста на валутата која се користи во плаќањето и тоа никој не може да го сопре, како што никој не може да ги забрани криптовалутите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ