Ливерпул два пати се враќаше од негатива на „Сент Џејмс Парк“, успеа и да поведе, но прими гол во 90. минута и испушти победа против Њукасл.
Исак прекрасно погоди во 35. минута и донесе 1-0 за домаќините, но на стартот од вториот дел, Џонс изедначи на 1-1.
Њукасл потоа преку Гордон во 62. минута се врати во водство од 2-1, а Салах во 68. минута реализираше за нов егал.
Египјанецот потоа се запиша во листата на стрелци по втор пат и донесе предност за Ливерпул од 2-3 во 83. минута, но следеше нова драма, Шар во 90. минута изедначи на 3-3.
Ривалите го искористија киксот и ја намалија разликата на табелата, Челси со убедливи 1-5 го совлада Саутемптон, Манчестер Сити стави крај на црната серија и со 3-0 го совлада Нотингем Форест, а Арсенал го доби дербито против Манчестер јунајтед со 2-0.
На останатите натпревари кои се одиграа вечерва, Евертон со 4-0 славеше против Вулверхемптон, а Астон Вила со 3-1 беше подобра од Брентфорд.