По три победи во низа во Ла Лига, избраниците на Карло Анчелоти вечерва загубија на гостувањето кај Атлетик Билбао.
Килијан Мбапе е трагичар откако ВАР му поништи гол за 0-1, а потоа не реализираше и пенал за 1-1.
По прво полувреме без голови, Беренгер го отвори резултатот во 53. минута од мечот. Слично како и на дуелот со Ливерпул, Килијан Мбапе не реализираше од 11 метри во 68. минута, но „кралевите“ сепак успеаја да стигнат до изедначување, Белингем реализираше за 1-1 во 78. минута.
Сепак, Атлетик Билбао брзо одговори, Валверде изгуби топка во опасната зона а Гурузета ја затресе мрежата во 80. минута за 2-1 и огромно славје на Сан Мамеш.