Како што се наведува во соопштението од МЖСПП, вчера, во периодот од 18:30 до 23:30 часот, од страна на три тимa составени од државни инспектори за животна средина и стручни лица од Управата за животна средина при министерството извршиле надзор на 11 инсталации од кои; Макстил, Цементарница, Те-То, ЕСМ Топлана Исток-ЕСМ ТопланаЗапад, ЕСМ Когел и Либерти Македонија, се посочува, биле во работен режим, додека ЕСМ Енергетика, БАУЕР и ЈП Улици и Патишта-не работеле при надзорот, а за Скопски легури се наведува дека не работи повеќе години.
„ При инспекциите се изврши контрола на режимот на работа на инсталациите, емисиите во амбиенталниот воздух и фрекфенцијата на мерење. На посетените инсталации им се дадоа препораки, во рамки на активностите за зголемување на општествената одговорност, да ги зголемат зелените површини што дополнително влијаат на подобрување на квалитетот на водухот. Дел од нив веќе имаат преземено бројни активности во овој правец“, се наведува во соопштението.
Вонредните инспекциски надзори без претходна најава продолжуваат согласно утврдена динамика на територијата на целата држава, а информации за надзорите ќе бидат дополнително споделени, најавуваат од МЖСПП.