Пратеникот информира дека претседателот на Собранието зa седницата закажана за утре, на дневен ред го има ставено и барањето на албанската опозиција за претставување во Државната изборна комисија (ДИК), со еден член, без кој, рече, идните председателски и парламентарни избори ќе бидат некоректни, недемократски, изманипулирани и неуставни.
„Нашето барање е ставено како 15-та точка на дневниот ред. Затоа го повикуваме претседателот на Собранието, Талат Џафери, но и сите пратеници од мнозонството, ако сакаат да докажат дека не работат за да ги изманипулираат изборните процеси, и дека се залагаат за фер и демократски избори и дека се навистина ангажирани за спроведување на европските вредности, тогаш заедно да го разгледаат предлогот на албанската опозиција и да го исполнат овој уставен услов“, рече Зендели.
Тој рече дека имаат информации дека власта ќе се обиде да направи манипулации со изборите.
„Го спомнавме и обидот на министерот за надворешни работи Бујар Османи, за злоупотреба на положбата како претседавач со ОБСЕ за да влијае на одлуката за бројот на набљудувачи на изборниот процес. Но, уште еднаш ќе повториме дека албанската опозиција има сериозен план за да се справи со секаква можна манипулација од страна на власта. Обединетата албанска опозиција има легитимитет да побара правно застапување во изборните органи“, рече Зендели.