„Зборуваме за кандидат не само консензуален меѓу трите политички партии или тројца лидери, туку за консензуален кандидат на целата опозиција. Ги повикуваме сите албански партии да го поддржат овој кандидат… Сакаме да најдеме кандидат Албанец прифатлив за сите Албанци кој ќе има, ако не формална поддршка од ДУИ, бидејќи таа партија веќе одлучи да го поддржи македонскиот кандидат, тогаш кандидат кого сепак ќе го гласаат добар дел од гласачите на ДУИ“, рече Касами.
Тој додаде дека ќе се обидат да најдат кандидат кој ќе добие гласови и од други етнички заедници, па и од Македонци.
„Доколку земјата сака да биде дел од ЕУ, граѓаните треба да бидат подготвени да гласаат за кандидат Албанец, ако биде квалитетен, се разбира“, рече Касами.