„Поради исмевањето на христијанството и здравиот разум кое го изведе на Олимписките игри во Париз, претседателот на Франција Макрон е казнет, бидејќи папата Франциско на 8 декември нема да дојде на отворањето на обновената катедрала Нотр Дам. Папата два пати јавно изјави дека нема да оди во Париз“, порача Захарова.
Според Захарова, на овој начин на Париз му се дава до знаење дека по непријатноста инсценирана на отворањето на Олимпијадата, актуелната влада не е достојна на посета на папата.
„Не исклучувам дека причина за одлуката на Франциско да не оди на церемонијата на отворањето на катедралата се јавните планови на сопругата на Емануел, Брижит Макрон, наместо реставрација на историската градба во катедралата да се постави нова кула во облик на огромен фалус со златни тестиси“, наведе Захарова.
Таа истакна дека Французите се обидуваат да ја минимизираат штетата зборувајќи дека папата нема да оди во Париз бидејќи има обврски тој ден. „Но сите совршено ги разбираат вистинските мотиви на она што се случи. Папата не ја откажа посетата на Корзика закажана за истиот датум“, истакна таа.