петок, 6 декември 2024

Лавров: Не знам како Трамп може да го реши украинскиот проблем, но ќе ги причекаме предлозите

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кажа дека не знае како новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп може да го реши украинскиот проблем и искажа спремност да ги причека предлозите на Трамп.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не можам да замислам. Ќе ги причекаме предлозите. Редовно истакнуваме, кога за тоа нè прашуваат, дека во секој случај, политичар кој вели дека не е за војна, туку за мир, заслужува внимание“, истакна шефот на руската дипломатија.

Одговарајќи на прашањето за разговорот на рускиот претседател Владимир Путин и германскиот канцелар Олаф Шолц, Лавров кажа дека Кремљ објавил соопштение и дека нема што да додаде.

„Што се однесува до руската страна, Кремљ веќе соопшти, нема што да се додаде. Кремљ јасно ги изнесе своите проценки“, им кажа Лавров на новинарите.

Лавров претходно порача дека Русија е спремна да комуницира со новата американска администрација и дека топката е кај нив.

Тој коментирајќи ги неодамнешните повици на земји од Европската Унија и НАТО на дијалог со Москва кажа дека „луѓето кои иницираат такви повици не се целосно изгубени како политичари“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ