сабота, 6 јули 2024

Вучиќ: Хрватските медиуми се опседнати со мене

Претседателот на Србија Александар Вучиќ на конференција за медиумите кажа дека претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ и премиерот Милојко Спасиќ треба да се изјаснат и да кажат дали е тој идеен творец на резолуцијата за геноцид во Јасеновац и дали тој вршел притисок врз нив тој документ да се усвои во црногорскиот парламент.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ги молам да излезат во јавност и да им објаснат на своите хрватски и западни пријатели, на кои им се извинуваат деноноќно, објаснувајќи дека тоа е голема грешка, да ми кажат зошто таа грешка ја направиле и да им објаснат на луѓето дека се шегувале кога зборувале дека со тоа имаат врска Белград и јас лично“, кажа Вучиќ.

Порача дека со Милатовиќ и Спајиќ ниту еднаш не се слушнал преку телефон, како ни со претседателот на црногорското собрание Андрија Мандиќ.

Новинарка, поставувајќи му прашање на Вучиќ, кажа дека хрватските медиуми „напишале дека зад резолуцијата во Јасеновац се крие неговиот мрачен план од Црна Гора да направи српска Белорусија“.

„Секогаш кога Србија ќе ја крене главата, кога не е урната, кога Србија не се согласува да им служи на туѓи интереси, да не спроведува самоказнување, да се согласува на фантазмагорични катарзи низ кои мора да помине поради своето наводно сопствено злосторничко и лошо однесување во претходниот период, а тоа катарзично однесување мора да трае со децении и векови, иако никој не објаснува зошто е тоа така…

Значи секогаш кога Србија економски се крева, претставува политички фактор кој повеќе не е целосно безначаен и кога нејзините политичари повеќе не зборуваат само „извинете за тоа што нè убивавте“, како што нашите зборуваа до неодамна за Јасеновац, секогаш се правела коалиција во регионот, составена од едни или други, но некои секогаш биле присутни, како Хрватска“, кажа српскиот претседател.

„Медиумите во Хрватска имаат напишано повеќе текстови за мене од почетокот на годината отколку за претседателот и премиерот на Хрватска заедно. Тоа доволно зборува не само за нивната опседнатост, туку и нешто добро за мене“, кажа Вучиќ.

Вучиќ кажа дека не мисли дека резолуцијата за Јасеновац е лоша.

„Мислам дека е лоша таа претходната, не гледам дека се срамат од неа, а се срамат од таа резолуција 109 земји во светот. Што се однесува до Хрватска, им посакувам уште многу текстови, што повеќе да пишуваат против мене, ќе бидат поуверен дека работам добра работа за мојата земја“, заклучи српскиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ