сабота, 28 септември 2024

Вучевиќ: Белград е спремен на компромиси околу Косово

Новата влада на Србија е спремна да прави „компромиси“ во врска со Косово, кажа српскиот премиер Милош Вучевиќ за Франс прес.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Пред средбата на претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Аљбин Курти на 26 јуни во Брисел, Вучевиќ порача дека Белград е спремен да преговара.

„Спремни сме да правиме договори и преговори, компромиси кои значат дека ниедна страна не е апсолутен победник или апсолутен губитник“, кажа тој.

Додаде дека „сè друго не може да биде долгорочно одржливо“.

Дијалогот на Србија и Косово за нормализација на односите кои од 2011 година се води со посредство на Европската Унија е во застој.

Последен пат Вучиќ и Курти се сретнаа во Брисел на 14 септември 2023 година, кога разговараа за примената на Договорот за патот за нормализација на односите, но без напредок.

Овој договор, постигнат минатата година, не го потпишаа двете страни, но ЕУ го смета за правно обврзувачки за Косово и Србија. Приштина бара договорот да се потпише, но Белград одбива.

Со договорот од 11 члена, меѓу другото, предвидено е ниво на самоуправување на српската заедница на Косово и меѓусебно признавање на државните симболи, а од Приштина и Белград се бара да ги спроведат сите претходни договори постигнати во дијалогот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ