недела, 7 јули 2024
Новини од Зоолошката градина Скопје

Во скопската ЗОО се роди еленче-лопатар, животните се разладуваат со сладолед (ВИДЕО)

Во скопската Зоолошка градина има ново бебе, елен лопатар. Информацијата попладнево ја споделија од зоолошката на нивната страница на фејсбук. Неодамна оттаму објавија видео на кое се гледа како животните успеваат да ги преживеат летните горештини.

Објавено на

часот

Сподели

„Малечкото веќе напредува супер е, и е милениче на целата група елени кои се грижат за него“, пишува во објавата.

Летните горештини си го прават своето па во скопската Зоолошка градина на секој начин се обидуваат да им го олеснат жешкото секојдневие на животните па има денови кога ги частат со специјално направен сладолед за нив. Неодамна објавија и видео како животните се насладуваат на летниот десерт.

„На екстремно топло време и животните бараат разладување. Традиционално како и секое лето подготвивме сладоледи за нашите најмили. Поздрав од Мадагаскар екипата“, се наведува во објавата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ