сабота, 28 септември 2024

Во израелски воздушен напад во Либан убиен истакнат оперативец на Хамас (ВИДЕО)

Истакнат оперативец на милитантната група Хамас и египетската радикална исламистичка организација Ал-Џамаа ал-Исламија, Ајман Гатма е убиен во израелски воздушен напад во либанскиот округ Западна Бека, соопштија денеска израелските одбранбени сили (ИДФ).

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Според израелските одбранбени сили, Ајман Гатма бил одговорен за снабдување со оружје на Хамас и Ал-Џама ал Исламија во Либан, објави Тајмс оф Израел.

ИДФ соопшти дека нападот со беспилотно летало бил извршен поради вмешаноста на Гатма во извршувањето на нападите врз Израел.

Гатма бил мета и убиен е додека се возел во близина на градот Киара, 40 километри од границата со Израел.

Израелските одбранбени сили објавија видео од нападот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ