недела, 17 ноември 2024
Средба Османи-Амон

Во интерес на Австрија е Македонија да влезе во ЕУ, на опозицијата е дали ќе се пропуши шансaта

Австрискиот покраински министер за европски и меѓународни прашања, образование и човечки ресурси на Штаерска, Вернер Амон на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин шефот на дипломатијата Бујар Османи, порача дека Австрија припаѓа на оние земји кои силно го поддржуваат пристапувањето на Западен Балкан и пред сѐ на Македонија во ЕУ, бидејќи, како што рече „битно е кога светот се сочува со големи нестабилности да се внесе стабилност во регионот, а членството во ЕУ би придонело за поголема стабилност“.

„Сметам дека предолгото чекање секако води кон фрустрација и треба да внимаваме, да ги убедиме луѓето да не се разочараат на патот кон ЕУ. И токму тој напредок треба навистина и да биде награден и наскоро да резултира и со пристапување во ЕУ“, рече Амон, одговарајќи на новинарско прашање дали 2030 години е реална цел за членство на Македонија во ЕУ. 

А, шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска го повтори ставот дека одлуката за тоа дали Македонија ќе продолжи со Албанија на патот кон ЕУ или ќе биде одвоена во преговорите во овој, како што вели, нов забрзан геополитички придонес на процесот на интеграција, во моментов е во рацете на пратениците од опозицијата.

„Доколку ги завршиме уставните измени на време, Северна Македонија ги отвора поглавјата и влегува неповратно во процесот на евроинтеграции во оваа можеби ретка можност на отварање на Унијата поради создадениот геополитички контекст. Никогаш не сме виделе ваква разиграност, мобилизираност на ЕУ по однос на Западниот Балкан. Но, проширувањето е меритократски и геополитички процес, двата услова треба да бидат кумулативно исполнети. На опозициските пратеници е одлуката дали Северна Македонија ќе остане изолирана со остантите држави од регионот кои што имаат отворени прашања и ќе ја пропуши оваа сериозна шанса пред која се наоѓаме. Во рацете на овие пратеници е европската иднина на државата, а тоа е и фактот дали младите ќе останат овде, дали ќе имаат надеж за европски стандард овде или пак ќе изгубиме цела една генерација“, рече Османи.

Запрашан на што се должи неговиот оптимизам дека ќе се донесат уставните измени и на кое ниво се случува комуникацијата со пратениците во контекст на обезбедување поддршка за амандманите на Уставот, Османи уверува дека случувањата во светот ќе ги уверат граѓаните дека е ова единствениот вистински пат.

Османи и Амон денеска потпишаа заедничка Декларација за соработка меѓу Македонија и Покраината Штаерска, Австрија и Писмо за намери за пристапување на Македонија во Алпе-Адриа Алијансата. 

Според Амон, станува збор за една стара Алијанса од 80-те години која сака да ги обедини државите од јадранската област за да може полесно да се реализираат заедничките европски интереси. 

Објавено на

часот

Сподели

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ