„Настапите на Ковачевски се само форма без содржина. Сѐ му е во стилот ‘јас не сум од овде’ или ‘купи ден помини’. Ковачевски треба да знае дека владата на ДУИ и СДС со измените на Кривичниот законик направи директен упад во правниот систем и правната држава и тој е лично одговорен за тоа што сегашни судски процеси застаруваат. Правдањето со некакво усогласување со европско законодавство беше демантирано од страна на европските претставници и истото ќе го чуеше Ковачевски неколку минути после тоа, ако не побегнеше од прес конференцијата која сам ја најави. Тој е лично одговорен за тоа што се воспоставува култура за неказнивост. Доколку пак мисли дека со измените на Кривичниот законик ќе се спасат актуелните функционери од кривично гонење за сторениот криминал, многу се лаже. А, уште повеќе се лаже ако мисли дека ќе се вади на тоа дека во Владата никој не го есапи и одлуки се носеле во негово отсуство. Одговорност ќе има и таа одговорност ќе ја почувствува кога ќе се охрабри да се соочи со народот“, велат од ВМРО=ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски е одговорен што со измените на КЗ застаруваат судски предмети
Ковачевски треба да знае дека владата на ДУИ и СДС со измените на Кривичниот законик (КЗ) направи директен упад во правниот систем и правната држава и тој е лично одговорен за тоа што сегашни судски процеси застаруваат, реагрира ВМРО-ДПМНЕ по денешната изјава на премиерот Димитар Ковачевски дека измените на КЗ биле донесени поради усогласување со европското законодавство, а не заради одредени повеќегодишни судски случаи.
Објавено на
часот