четврток, 4 јули 2024
Нов автогол им донесе славје на „триколорите“

Вертонген трагичар, Франција се пласираше во четвртфинале (ВИДЕО)

Франција се пласираше во четвртфинале на Европското првенство откако попладнево ја совлада Белгија со 1-0, искусниот Јан Вертонген е трагичар, си ја затресе сопствената мрежа.

Објавено на

часот

Сподели

Попладнево, во Дизелдорф, Франција со 1-0 ја совлада Белгија со автоголот на Вертонген.

Избраниците на Дешам беа подобар противник, креираа доста шанси за гол, но потфрлија во завршницата од акциите.

И кога се чинеше дека натпреварот ќе оди во продолженија, еден удар на Коло Муани се одби од коленото на Јан Вертонген и заврши во мрежата за водсто од 1-0 во 85. минута од мечот.

Белгија и онака прикажа премалку, па до крајот на натпреварот не успеа да стори нешто повеќе за да избегне елиминација.

Интересно, „триколорите“ обезбедија пласман помеѓу осумте најдобри на стариот континент и покрај тоа што немаат постигнато гол од игра.

Против Австрија, автогол си постигна Вебер, а против Полска, голот на Мбапе беше од пенал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ