Повеќе од половина од вкупно 3,5 милиони граѓани на Уругвај немаат пристап до вода од водоводната мрежа, а експертите предупредуваат дека таквата состојба може да продолжи со месеци.
Три последователни сушни години речиси го испразнија главниот резервоар со свежа вода што го снабдува главниот град Монтевидео, за да се избегне недостигот, државната компанија која стопанисува со водните ресурси од почетокот на оваа година постепено ги надополнува водните резерви од реката Рио де ла Плата.
Некои експерти предвидуваа ваков вид на криза уште пред неколку години и укажаа на ранливоста на резервоарот од кој се снабдува со вода областа околу главниот град Монтевидео.
Но, според стандардите на Латинска Америка, Уругвај беше земја со високи приходи и се сметаше дека има изобилство водни ресурси, па предупредувањата дека резервите на вода се трошат се сметаа за катастрофални предвидувања и инвестициите во нови извори биле прекинати.