сабота, 27 април 2024

Трамп: Евреите кои гласаат за демократите го мразат Израел и својата религија

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави ги обвини денес Евреите кои гласаат за Демократската партија дека го мразат Израел и својата религија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој тоа го кажа во интервју на прашањето за коментар за сè погласните критики на демократите кон израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поради нападите на Газа и големиот број цивилни жртви.

„Всушност мислам дека го мразат Израел. А Демократската партија го мрази Израел. Секој Евреин кој гласа за демократите ја мрази својата религија. Мразат сè во врска со Израел и треба да се срамат од себеси бидејќи Израел ќе биде уништен“, наведе Трамп.

Иако сè уште не е официјално, Трамп веројатно ќе биде кандидат за претседател на САД на Републиканската партија.

Оваа негова изјава предизвика бурни реакции од Белата куќа, администрацијата на претседателот на САД Џо Бајден и еврејските лидери.

Портпаролот на Белата куќа Ендрју Бејтс ги оцени коментарите како „подла и безобразна антисемитска реторија“, без да го именува Трамп.

Портпаролот на изборната кампања на Бајден Џејмс Сингер кажа дека Трамп е единствениот кој треба да се срами.

„Трамп повторно ќе изгуби во ноември бидејќи на Американците им е смачено од неговата омраза, нападите и екстремноста“, наведе тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ