вторник, 21 мај 2024

Додик не признава геноцид во Сребреница: „Ќе положиме цвеќе, ако никој не се навреди“

Лидерот на Србите во Босна и Херцеговина Милорад Додик изрази спремност да го посети Меморијалниот центар Поточари во Сребреница и да положат цвеќе на заедничкото обележје поставено во спомен на злосторството извршено во војната, но притоа повторно негираше дека таму се случил геноцид.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју за новинската агенција на Република Српска, Додик најави дека владата и целото раководство на овој ентитет ќе заседаваат во Сребреница на 2 мај 2024, кога во Обединетите нации ќе се одржува расправата за нацрт резолуцијата за осуда на масакрот во тоа место во 1995 година.

Резолуцијата а поддржуваат западните земји, предводени од Соединетите Американски Држави, Британија и Германија, кои очекуваат нејзино усвојување. Целта е да Бошњаците да се претстават како единствени жртви на конфликтот во таа земја.

Српските лидери од Белград и Бања Лука, претседателите Александар Вучиќ и Милорад Додик, тврдат дека станува збор за обид за наметнување на вината на српскиот народ.

„Република Српска нема да ја прифати резолуцијата за Сребреница за која ќе се одлучува во Генералното собрание на ОН бидејќи сè што е напишано во неа е лага. БиХ поставена на тоа еден народ во неа да се означи како геноциден, а друг како жртва, не може да постои“, кажа Додик.

Сепак, изрази спремност да се поклони на жртвите на злосторството во Сребреница.

„Ако ни биде пружена прилика, на 2 мај ќе однесеме венци во Поточари, ако никој не се навреди“, кажа Додик.

Тој верува дека нацрт резолуцијата за Сребреница сепак нема да добие доволен број гласови во ОН.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ