вторник, 21 мај 2024

Британски разузнавачи: Русите сè побрзо напредуваат

По заземањето на украинскиот град Авдеевка, руските трупи напредуваат брзо во таа област, соопшти денес британското министерство за одбрана во својот дневен брифинг на разузнавачки податоци.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Руските копнени сили се пробија и создадоа тесен коридор во украинската територија за да влезат во местото Очертино, околу 15 километри северно од центарот на Авдеевка“, се наведува на профилот на британското министерство за одбрана на социјалната мрежа Икс. Очертино во Доњецкиот регион пред почетокот на конфликтот имало околу 3.500 жители.

Дури и по заземањето на Авдеевка кон средината на февруари, за Русите освојувањето на тоа подрачје е една од клучните операции, проценува британското министерство за одбрана. „Иако нижат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сли се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во таа област и дека ја презеле контролата врз неколку помали населби“, се додава во извештајот.

Британското министерство за одбрана редовно објавува информации за текот на конфликтот во Украина. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ