„Македонците очигледно не се запознаени дека со нив се одбележува освојувањето на Македонија која за Србија била Јужна бановина, македонскиот јазик бил забранет, презимињата се прекрстувани на -иќ, населени се 7.144 српски колонистички семејства и континуирано, се до 1991 година, 40.000 воени офицери, се со крајна цел србизација на Македонија. Очигледно овој проект на кралството Србија од 1913, па до денес успеал и сега во Македонија имаме силно изразен српски свет на кој нема отпор од Македонците, се вели во денешната реакција на ТМРО.
ТМРО: Македонија е единствената држава која ја прославува својата окупација
За ТМРО е несватливо редовно, веќе 15 години наназад, да се одбележува окупацијата на овој дел од етничка Македонија од страна на српскиот окупатор со три прослави, Брегалничката битка во Штип, Зебрњак во Куманово и битката на Кајмакчалан во Битола, а што е најтрагично од двете страни, меѓусебе војувале етнички Македонци регрутирани во српската и бугарската војска и таа претставува братоубиствена војна. Македонија изгледа е единствената држава која ја прославува својата окупација, соопшти ТМРО.
Објавено на
часот