недела, 23 јуни 2024

Тежок пораз на Хрватска од Шпанија на стартот од ЕП (ВИДЕО)

Хрватите не тргнаа како што посакуваат, напротив, доживеаjа тежок пораз од Шпанија која одигра одличен меч и победи со 3-0. Сите три погодоци беа постигнати во првото полувреме, но возбудувања имаше и во вториот дел.

Објавено на

часот

Сподели

Резултатот го отвори Мората во 29. минута по асистенција од Фабијан Руиз, не се чекаше долго на вториот погодок. Само три минути подоцна Руиз се најде во улога на стрелец, одлично ја измеша хрватската одбрана и погоди за 2-0.

Во самиот финиш од првото полувреме по центаршут од Јамал, Карвахал реализираше со глава за водство на Шпанија од 3-0.

Во вториот дел и двете селекции имаа шанси за гол, Јамине Мал пропушти да стане најмладиот стрелец во историјата на Европските првенства, а на спротивната страна Петковиќ не ја реализираше најголемата шанса.

Петковиќ во 80. минута шутираше пенал, но Унаи Симон го одбрани неговиот удар. Од одбиената топка тој даде гол, но со ВАР му беше поништен.

Хрватска во следното коло нема да има право на грешка против Албанија, а Шпанија ќе се сретне со Италија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ