сабота, 17 мај 2025

Студентите маратонци ја прекинаа блокадата на РТС, најавен е нов голем протест

Белградските студенти ја прекинаа синоќа двонеделната блокада на двете згради на Радиотелевизија Србија (РТС), откако претходно парламентарниот одбор за култура и информирање усвои одлука за нов конкурс за членови на советот на Регулаторната агенција за електронски медиуми (РЕМ).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Блокадата почна на 14 април со барања за непристрасно известување на јавниот сервис за студентското движење, општествената и политичка криза во земјата и за избор на нови членови на управата на регулаторното тело во околности кога голем број печатени медиуми и телевизии со национален опсег се под влијание или контрола на власта.

Студентското движење почна со антивладините протести поттикнати од загинувањето на 16 луѓе во уривањето на стреата на новосадската железничка станица на 1 ноември минатата година. Од властите бараат кривична и политичка одговорност за таа трагедија и бараат борба против корупцијата, слободно и уредено општество и независно дејствување на институциите.

Студентите од 22 ноември минатата година, со голема поддршка од академската заедница и голем број социјални групи, блокираат повеќе од 60 факултети на сите четири државни универзитети, а нивните протести власта ги нарекува „обоена револуција“.

За 1 мај во Белград, по повод Меѓународниот празник на трудот, е најавен голем заеднички протест на студентите и синдикатите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ