сабота, 28 септември 2024

Столтенберг: Воената поддршка на Киев не значи дека НАТО е страна во конфликтот

Воената поддршка на Алијансата на Киев не значи дека НАТО е страна во конфликтот на Украина и Русија, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по украинскиот напад на Севастопол со американски проектили АТАКМС.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Целта на нашата поддршка не е да го направи НАТО страна во Конфликтот. Станува збор за овозможување на Украина да се одбрани. Тоа е основно правило кое е во Повелбата на ОН“, кажа Столтенберг.

Тој додаде дека очекува од сојузниците, кога ќе се сретнат на самитот на НАТО во Вашингтон следниот месец, да се сложат околу координација и пружање безбедност и обука за Украина.

„Исто така, предложив долгорочен финансиски залог за Украина. На самитот ќе разговараме и за НАТО одвраќањето и одбраната, вклучувајќи ги инвестициите“, кажа Столтенберг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ