вторник, 2 јули 2024

Со Аеродром ќе раководи Дејан Митески, Тимчо Муцунски му ја предаде функцијата

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој беше градоначалник на Аеродром, денеска на Дејан Митески, претседател на Советот на Општината, му ја предаде градоначалничката функција.

Објавено на

часот

Сподели

На официјалното примопредавање на функцијата, Муцунски и Митески ја потенцирале, како што истакнале, досегашната успешна соработка и кажале дека работата на Општината ќе продолжи непречено и во континуитет.

„Муцунски се заблагодари за досегашната соработка, притоа потенцирајќи дека Општината продолжува да ја води човек што и досега како претседател на советот давал важен и сериозен придонес во нејзиното функционирање и работење. Тој упати благодарност за поддршката и соработката до целиот тим и општинската администрација.

Митески упати благодарност до Муцунски за придонесот за Општината и истакна дека соработката ќе продолжи и во иднина. Тој најави континуитет во работењето и реализација на многу проекти кои ќе донесат подобар живот и подбра иднина во Аеродром“, се вели во соопштението на Општината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ