„Изгласувањето на наведената резолуција е непријателски акт со кој Црна Гора ја повторува историската грешка како за време на Татковинската војна кога, како и денес, несамостојно и вазалски се потчини на големосрпската политика, а сега на политиката на српскиот свет“, кажа Пенава во хрватското собрание.
Според него, единствениот мотив за резолуцијата изгласана во црногорскиот парламент, е резолуцијата изгласана во Обединетите нации за Сребреница, со која Западот го осудува геноцидот извршен во војната во Босна и Херцеговина.
Потпретседателот на хрватскиот парламент го оцени како неверојатен фактот што резолуцијата за хрватските злосторства од Втората светска војна „доаѓаат од парламент на чие чело е четничкиот лидер Андрија Мандиќ“.