„Доколку граѓаните забележат паднати дрвја врз автомобили или други објекти,
потребно е да пријават во полиција, која треба да направи увид и записник, по што
општинските екипи ќе го расчистат теренот. Штети и паднати дрвја може да се
пријавуваат и на телефонскиот број 072/270–886.
Апелираме до граѓаните и до возачите без поголема потреба да не излегуваат додека трае невремето. Наша најважна обврска е да ги заштитиме граѓаните и нивните имоти и да го минимизираме ризикот од поплави и од други штети’, соопшти Општина Аеродром.