недела, 23 јуни 2024
На маргините на Самитот за Украина

Сиљановска Давкова накратко разговарала со потпретседателката на САД

Претседателката на Македонија во Швајцари имала можност накусо да поразговара со потпретстедателката на САД, Камила Харис. За средбата на маргините на Самитот за мир во Украина, Сиљановска Давкова објави фотографија на својот фејсбук-профил.

Објавено на

часот

Сподели

„На маргините на Самитот за мир во Украина накратко разговарав со Камила Хари,  првата жена потпретседател во историјата на САД. Ѝ се заблагодарив за континуираната поддршка. Се надеваме на натамошно зајакнување на билатералните односи со САД.

Македонија високо ја цени поддршката од нашиот стратешки партнер“, напиша Сиљановска Давкова.

На Самиот што се одржува во Швајцарија предвидено е претседателката на Македонија утре да има свое обраќање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ