сабота, 27 април 2024

Шпанската војска од авион испушти 26 тони храна во Појасот Газа (ВИДЕО)

Шпанија вчера испушти од авион 26 тони храна во опколениот Појас Газа и побара од Израел отворање на копнената граница за доставување помош.

Фото: Икс

Објавено на

часот

Сподели

„Утринава се исфрлени 26 тони хуманитарна помош која се состои од преку 11.000 оброци“, соопшти шпанското министерство за надворешни работи.

Во вторникот два авиони полетале од воената база во шпанскиот град Зарагоза и пуштиле пакети на територијата опколена од израелската војска.

„Шпанија инсистира на отворање на граничните премини бидејќи тоа е неопходна мерка за избегнување на гладувањето во Појасот Газа“, порача официјален Мадрид.

Шпанија наведува дека доставувањето помош по копно е поефикасен начин на решавање на итната хуманитарна ситуација, но поради „тешкотиите во пристапувањето“ се советуваат сите начини на доставување помош, вклучувајќи го воздушниот.

„Околу 1,1 милион луѓе во Газа се соочуваат со катастрофална прехранбена неизвесност. Сегашната состојба на испраќање помош од воздух не е доволна за сопирање на гладот и обезбедување основни намирници како вода и хигиенски материјал“, се наведува во соопштението.

Околу 32.000 Палестинци, од кои 70 отсто жени и деца, се убиени во Појасот Газа од почетокот на војната на Израел против Хамас. Ранети се 74.188 палестински цивили.

Шпанија овој месец јавно ѝ пружи поддршка на агенцијата на Обединетите нации за палестинските бегалци (УНРВА) на која лани ѝ уплати 19,5 милиони евра од вкупно 50 милиони евра помош за Палестинците. Најави дополнителни 23,5 милиони за школување на децата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ