недела, 17 ноември 2024
Во организација на поранешниот претседател

Сертификати од Ѓорѓе Иванов добија 38 учесници на Школата за млади лидери од земјава и странство

Синоќа свечено е затворена 14-тата Меѓународна обука за млади лидери во организација на поранешниот претседатеел на Македонија Ѓорѓе Иванов, на тема „Едукација – трансформација – лидерство“, што се одржа во периодот 7-19 октомври 2023 година во комбинирано издание, онлајн и во живо. Иванов на учесниците кои ја следеа целата програма и успешно ја завршија школата им додели сертификати, а на поддржувачите и ко-организаторите им додели благодарници. Школата успешно ја завршија 38 учесници од Македонија, Србија, САД, Азербејџан, Турција, Јемен, Алжир, Нигерија, Германија, Филипини и Канада. Учесниците имаа можност да следат предавања на дваесетина предавачи од Македонија и од странство.

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се наведува:

Во текот на 14-тата Школа предавања за учесниците одржаа: Златко Лагумџија, поранешен Премиер на БиХ, актуелен Амбасадор на Босна и Херцеговина во ОН; д-р Исмаил Серагелдин, поранешен директoр на Александриската библиотека и потпретседател на Светска банка; проф. д-р Колин Снидер, професор по историја на Латинска Америка на Универзитетот Тексас – Тајлер; проф. Томас Гудерјан, професор по антропологија на Универзитетот Тексас – Тајлер во САД; Мајк Коб, експерт за организирање на процесот на едукација во Саудиска Арабија; Марк Донфрид, директор на Институтот за културна дипломатија во Берлин; проф. д-р Роберт Стеркен, професор по политички науки во Универзитетот Тексас-Тајлер во САД; проф. д-р Анис Сефиданис, професор по информатички науки и роботика на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид; проф. д-р Невенка Димитрова, лидер во истражување на податоци од областа на биомедицината; проф. д-р Александра Креглер, асистент професор на одделот за Социологија на Универзитетот Тексас – Тајлер во САД; проф. Никола Илиќ – основач и директор на ChangeLab Global, професор на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон; проф. д-р Александар Кирјаковски – асистент професор по Психологија на Меѓунатодниот Балкански Универзитет во Скопје; амб. Ивица Боцевски, поранешен вице премиер за Европска Интеграција и поранешен амбасадор во Бразил; Зоран Костовски од МОТИВА; Виктор Мизо, генерален менаџер на Костал Груп и Костал Македонија; д-р Игор Радев од МАНУ; Рашела Мизрахи, пратеничка во Сорабранието на Република Македонија; д-р Александар Митов, експет по јавно здравје и проф. д-р Гордана Силјановска – Давкова, професор на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје, пратеничка во Собранието на Република Македонија и кандидат за претседател во 2019 година. За време на Школата се одбележа и 100-годишнината на Турската Република со говори и предавања од страна на Претседателот Иванов, Координаторот на Канцеларијата ТИКА во Скопје, Мехмет Бајрак, внукот на првиот премиер на Република Турција, проф. д-р Али Фети Окјар, и неговата сопруга проф. д-р Илким Буке Окјар, професори на Једитепе универзитетот во Истанбул, проф. д-р Енис Реџеп од Европскиот универзитет, Огусан Сејлан претставник на фондацијата Мармара од Истанбул, а модератор на сесијата беше Исмаил Алији.
дЗа време на Школата учесниците го поосетија на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид каде свое предавање одржа д-р Исмаил Серагелдин, основач и поранешен директор на Александриската библиотека.

Убавото и топло време во Охрид учесниците го искористија за заедничка прошетка и посета на културно-историските знаменитости на Охрид.

д

Школата континуирано ја потврдува својата заложба за создавање на нови генерации млади лидери во областите од кои доаѓаат, притоа овозможувајќи им преку предавањата кои ќе ги слушаат и контактите кои ќе ги создадат, понатаму да се развиваат и на личен и на професионален план.

 д

Поддржувачи на Школата за млади лидери се Канцеларијата на ТИКА – Агенција за соработка и координација на Турција во Скопје, Хотелот Инекс Олгица Охрид, ТАВ Македонија, Туркиш Ерлајнс, Делфино, Витаминка, Алкалоид, Петрол Оил, Халк Банка, А1 Македонија, Скопска пивара, DMS, Комфи Ејнџел и Мотива.

Школата за млади лидери е иницијатива на претседателот Ѓорге Иванов која започна на почетокот на неговиот прв мандат. Првата Меѓународна обука за млади лидери се одржа во 2010 година. Оттогаш, во текот на досегашните 14 обуки, учествуваа околу 550 млади луѓе од земјата и од странство, со различен академски и професионален фокус. Пред дванаесетте генерации учесници на Школата за млади лидери, предавања одржаа околу 350 реномирани предавачи од Република Македонија, Европа и светот. Во 2018 година, проектот Школа за млади лидери на Претседателот Иванов, е прогласен за најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017 година од страна на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ