среда, 26 јуни 2024

Се судрија мотоцикл и тротинет, двајца се повредени

Вчера во 21.10 во СВР Скопје било пријавено дека на бул. Блаже Конески во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл пиаџо со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.Т.(45) и електричен тротинет управуван од И.А.(38), двајцата од Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.А., додека Н.Т.  се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники Мајка Тереза Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ