вторник, 22 октомври 2024

Нетанјаху смета дека судот во Хаг наскоро би можел да распише потерница по него

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вели дека постои голема можност главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС) Карим Кан да издаде потерница и да побара негово апсење и на министерот за одбрана Јоав Галант, дури и пред говорот на Нетанјаху во американскиот Конгрес, најавен за крајот на јули.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Нетанјаху синоќа свикал состанок на кој се разговарало за можноста, која наводно се навестува, Хашкиот суд да го прифати барањето на главниот обвинител и наскоро да ги издаде тие налози за апсење.

На состанокот присуствувале клучни израелски претставници, меѓу кои и министерот за правда, стратешки прашања и државната обвинителка, јавуваат израелските медиуми.

Нетанјаху оценува дека судот ќе постапи по барањето на обвинителот и наскоро ќе издаде потерници, иако засега нема јасни индиции за одлуката на судот.

Обвинителот Кан го поднесе барањето на 20 мај, а одлуката на Судскиот совет на МКС е се поблиску.

Вообичаено е овој процес да трае од еден до осум месеци, што значи дека јануари е краен рок во овој случај.

Израелските медиуми потсетуваат дека МКС за само еден месец распиша потерница против рускиот претседател Владимир Путин.

Бидејќи Кан јавно го поднесе барањето, одлуката на судот најверојатно ќе биде објавена јавно, но постои можност наредбите да се издаваат во тајност за да се спречи мешање во процесот.

Во Израел веќе се водат дискусии за тоа што ќе се случи доколку судиите во Хаг издадат налози за апсење на Нетанјаху и Галант.

Една од опциите беше Нетанјаху лично да се пожали на Кан, но таа опција беше одбиена.

И Израел и луѓето кои се соочуваат со потерници имаат можност да поднесат жалба до судот и да изнесат аргументи за поништување.

Израел може да поднесе жалба врз основа на јурисдикција и комплементарност, а поединци може да се жалат и врз основа на јурисдикција, меѓу другото, но не се знае дали жалбите ќе треба да бидат напишани или изречени на суд.

123 земји се потписници на Римскиот статут, со кој се дефинираат овластувањата на МКС.

Тие се должни да постапат по наредба и да ги уапсат лицата против кои се покренати. Израел не го потпиша тој статут.

Нетанјаху сепак би се соочил со ризик од апсење доколку неговиот авион слета, дури и во итен случај, во земја која е потписничка на статутот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ