вторник, 22 октомври 2024

Притвор за скопјанецот што ограби жена на сред бел ден

31 годишен скопјанец кој завчера од 64- годишна скопјанка одзел златно ланче кое го носела на себе доби притвор од надлежниот суд, информираше МВР.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

МВР информира дека полициски службеници завчера, во 15:30 часот во Скопје го лишиле од слобода скопјанецот Л.А. поради тоа што истиот ден на подрачјето на Карпош, со употреба на физичка сила, од 64- годишна скопјанка одзел златно ланче што го носела на себе.

„Од страна на ЕВР Карпош поднесена е кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка кражба на дрзок начин, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор“, информираат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ