вторник, 22 октомври 2024

Бајден помилува илјадници поранешни војници осудени за хомосексуален однос

Американскиот претседател Џо Бајден помилува илјадници воени ветерани кои беа осудени според воениот закон кој забрануваше геј секс во последните шест децении. Одредба од Единствениот кодекс за воена правда ја криминализира содомијата од 1951 до 2013 година.

Објавено на

часот

Сподели

Во 2013 година, Американскиот Конгрес ја укина контроверзната одредба. Бајден го опиша својот потег како „исправување на историска неправда“. Тој рече дека „ги користи своите овластувања за да помилува многу поранешни припадници на војската кои биле осудени само затоа што биле тоа што биле“.

„Имаме света обврска кон сите наши војници, вклучително и нашите храбри ЛГБТК+ војници: соодветно да ги подготвиме и опремиме кога ќе бидат испратени во опасност и да се грижиме за нив и нивните семејства кога ќе се вратат дома“, рече тој.

Консензуалната „содомија“ беше нелегална меѓу членовите на американската војска се додека поранешниот претседател Барак Обама не ги декриминализираше истополовите врски преку Законот за овластување за национална одбрана пред една деценија.

Одлуката на Бајден ќе им помогне на ветераните да аплицираат за потврда за помилување за да го променат статусот на отпуштање, што ќе им помогне да ги добијат неисплатените бенефиции. Не е јасно колку долго ќе трае целиот процес пред ветераните да можат да имаат право на бенефиции што можеби претходно им биле одбиени.

Контроверзната одредба со која се забранува геј секс беше одвоена од политиката на претседателот Бил Клинтон „Не прашувај, не кажувај“, која им забрануваше на американските хомосексуалци и лезбејки  да служат војска. Таа политика беше укината од Обама во 2011 година, дозволувајќи им на хомосексуалците и лезбејките да служат во вооружените сили без да ги кријат своите преференции.

Си-би-ес њуз проценува дека околу 100.000 ЛГБТК+ војници биле исфрлени од американската војска помеѓу Втората светска војна и укинувањето на политиката „Не прашувај, не кажувај“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ