недела, 17 ноември 2024

СДСМ ја зголеми просечната пензија за 40 отсто во споредба со ДПМНЕ, кажа премиерот на средба со пензионери

Со новата методологија и трите усогласувања во 2002 и 2023 година, за година и половина пензиите ги покачивме за 24 проценти за 333.000 пензионери. Досега вакво покачување немало, рече денеска претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски на средба со пензионери од општина Карпош.

Објавено на

часот

Сподели

„Социјалдемократските политики за постојано  и континуирано зголемување на пензиите се влог во тоа, пензиите растат и да продолжат да растат и во иднина. Од септември 2022 година со новата методологија и трите усогласувања, СДСМ ги зголемени пензиите за 24 отсто. За една и пол година досега вакво покачување немало. И бројките го потврдуваат тоа“, рече Ковачевски.

Тој направи споредба со, како што рече, драстично помалите висини на просечната и минималната пензија во времето на ДПМНЕ.

„Во време на ДПМНЕ, во 2016 година, просечната пензија изнесувала 13.754 денари. Сега, во време на СДСМ, односно во март 2023 година просечната пензија изнесува околу 20.000 денари. Тоа е покачување од 40 отсто во време на мандатот на владите предводени од СДСМ. Во времето на ДПМНЕ пак минималната пензија беше 9.000 денари,  денес е 13.200 денари. Тоа се 4.000 денари повеќе на ниво на минимална пензија месечно. Јас не мислам дека е тоа доволно. Секако. И работам да придонесеме уште повеќе.  Но, со системски решенија, СДСМ обезбедува постојан, континуиран раст на пензиите и пензиите само со СДСМ можат да продолжат да растат, реално, издржано и значително. СДСМ ја зголеми просечната пензија за 40 отсто во споредба со ДПМНЕ, нашата цел е да обезбедиме достоен и пристоен живот за секој пензионер“, рече Ковачевски. 

Тој тврди дека СДСМ обезбедила стабилност на пензискиот систем и редовна исплата на пензиите за сегашните и за идните пензионери. 

„Ние и достоинството на пензионерите го штитиме. Никогаш повеќе зголемувањето на пензиите нема да зависи од нечија политичка волја, туку тоа ќе се одвива на секој шест месеци како збир од проценти од официјални статистички податоци“, рече Ковачевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ