Според пријавеното, на 5 ноември на веб страница нашол стан за издавање во Италија, по што стапил во контакт со лице да договорат слободен термин, а откако му бил пратен линк преку банка ги уплатил парите.
На 15 ноември, на денот планиран за заминување во Италија, се обидел да стапи во контакт со лицето кое го издавало станот, но одговор немал и бил блокиран. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопшти МВР.