Во интервју за државната телевизија, чии делови беа објавени денеска, Путин рече: „Се разбира, доколку се искористат против нас, го задржуваме правото да преземеме реципрочни мерки“.
Според него, Русија располага со значителни залихи на различни видови касетна муниција.
Тој додаде дека Русија сè уште не употребила такво оружје и покрај „извесниот недостаток на муниција“. Украина доби касетни бомби од Соединетите држави. Киев се обврза дека ќе ги користи само за ослободување на окупираните територии.
Касетната муниција е забранета со меѓународна конвенција ратификувана од 123 земји, со исклучок на САД и Украина.